Фото: Креирана илустрација

Трагедија во Ирска: Авион се урна на пат кон Франција, има загинати

Мал авион се урнал во Ирска, а најмалку еден човек загинал во несреќата, објави „Ајрланд лајв“.

Леталото патувало кон Франција и превезувало четворица патници.

Службите за итна помош реагираат на инцидентот што се случил денеска, малку пред 13 часот, во близина на Трамор.

Единицата за истражување на воздушни несреќи при Министерството за транспорт на Ирска соопшти дека го истражува инцидентот заедно со службите за итна помош и Ирската управа за цивилно воздухопловство.

Пратеникот од Шин Фејн за Ватерфорд, Дејвид Кулинан, изјави дека хеликоптер за пребарување и спасување бил меѓу службите кои реагирале на падот.

Тој рече дека настанот претставува „шок за локалната средина“, додавајќи дека мислите на заедницата се со луѓето кои биле во авионот.

ФОТО | Турски авион се сруши во Хрватска – започна голема спасувачка акција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот