Трагедија: Поранешен фудбалер на Шкупи почина на 23 години

Мариано Ондо беше дел од ФК Шкупи во сезоната 2017/2018/фото: fcshkupi.com

Фудбалерот Мариано Ондо, репрезентативец на Екваторијална Гвинеја, почина во средата на тренингот на својата репрезентација на 23 години.

Ондо престојуваше во својата татковина и тренираше додека ги чекаше потребните документи за да направи трансфер во Шпанија, во третолигашкиот клуб Рапид де Бузас.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, фудбалерот не се чувствувал добро кон крајот на тренингот по што колабирал. Веднаш бил пренесен во болница, но можеле само да констатираат смрт.

Ондо инаку беше поранешен фудбалер на актуелниот македонски шампион Шкупи во натпреварувачката сезона 2017/2018.

Во клупската кариера беше дел и екипата на Кано Спорт во својата земја, а за националната селекција запиша пет настапи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот