Трагедија: Почина познат руски фудбалер на 29 години

Александр Козлов беше еден од најголемите руски фудбалски таленти/Фото: Принтскрин/Youtube/Open TV

На 29-годишна возраст почина рускиот фудбалер Александр Козлов. Руските медиуми како причина за смртта ги наведоа последиците од згрутчувањето на крвта, кое пукнало и предизвикало срцев удар.

На Козлов наводно му пукнало згрутчување по масажа, а му се слошило на тренингот на аматерски тим за кој настапувал.

Ги бранеше боите на Спартак Москва во периодот од 2010 до 2015 година.

– Сите во црвено-белите беа шокирани од веста за смртта на поранешниот напаѓач на Спартак, Александр Козлов. Изразуваме длабоко сочувство до семејството и пријателите – објави Спартак.

Беше еден од најголемите таленти на рускиот фудбал. Ги помина сите репрезентативни младински селекции на Русија, но не настапи за сениорската селекција. Во Лигата на шампионите дебитираше на 17 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот