Традиционален планинарски марш во чест на Борис Трајковски

Петнаесет планинари од Струмица, Радовиш, Гевгелија и Штип по петнаесетти пат ќе маршираат во чест на трагично загинатиот македонски претседател, Борис Трајковски.

Маршрутата долга 200 километри ја почнаа пред споменикот „Македонија” во Струмица, подигнат во чест на Трајковски. На 26-ти овој месец, треба да пристигнат на гробот на вториот македонски претседател на гробиштата Бутел во Скопје и да се приклучат во одбележувањето на 16-годишнината од смртта.

– Меѓу учесниците годинава имаме и млади планинари, кои ќе ја продлжат оваа традиција и се надевам дека уште многу години ќе го одбележуваме овој настан во чест на претседателот Борис Трајковски, рече Никола Ристов од ПАОК „Ентузијаст„ од Струмица.

Пред тргнување планинарите положија цвеќе пред споменикот на Борис Трајковски.

Освен до Скопје, шеесет планинари од земјава и Бугарија денес и утре ќе пешачат и по падините на планината Беласица. Тие треба да се искачат на врвот „Ботра” кој го носи името на Трајковски, на надморска височина од 1.880 метри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот