Фото: X/fcdender

Тошевски го постигна четвртиот гол за Дендер во белгиското првенство

Денеска во 20 коло од најсилниот белгиски фудбалски шампионат фудбалерите на Дендер ремизираа на гости кај КВ Мехелен со резултат 1:1.

Домаќините поведоа со голот на францускиот интернационалец Теренс Куду во осмата минута од натпреварот.

Гостинската екипа успеа да постигне гол непосредно пред паузата преку Бруни Нсимба, но истиот беше поништен поради играње со рака по ВАР снимката.

Македонскиот фудбалер Давид Тошевски успеа да донесе израмнување во 61 минута по асистенцијата на Брајан Гонсалвеш.

За Тошевски ова е четврти гол сезонава во првенството.

На табелата во шампионатот Дендер останува на последното 20 место со 13 бодови.

Во следното коло Тошевски и неговите соиграчи на 18 јануари ќе го пречекаат Антверп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот