Тони Кукоч влегува во Куќата на славните

epa00163741 Milwaukee Bucks forward Toni Kukoc of Croatia celebrates a three point score against the Indiana Pacers in the second quarter of their NBA matchup at the Bradley Center Monday, 30 March 2004 in Milwaukee, Wisconsin. EPA/TANNEN MAURY

Легендарниот хрватски кошаркар Тони Кукоч во септември ќе стане член на кошаркарската Куќа на славните во Спрингфилд.
Поранешниот кошаркар на Чикаго булс до големото признание дојде дури во освои обид, откако неговиот поранешен тим го номинираше уште 2014 година.

Кукоч ќе стане петтиот хрватски кошаркар во Куќата на славните, пред него таа чест им припадна на Крешимир Ќосиќ (1996), Дражен Петровиќ (2002), Мирко Новосел (2007) и Дино Раѓа (2018)/
Кукоч најголемите успеси во НБА кариерата ги оствари како член на славната генерација на Чикаго булс која освои три шампионски титули во 1996,1997 и 1998 година, а во НБА играше уште и за Филаделфија, Атланта и Милвоки каде во 2006 година се пензионира.
Во Европа, Кукоч беше дел од од шампионската генерација на Југопластика/ПОП84 која три години по ред беше европски шампион, а играше и за Бенетон една сезона пред да се пресели во НБА лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот