Тони Цетински во пресрет на 13-годишнината од смртта на нашиот Тоше: Ти си ангел на добрината

Instagram

Во пресрет на 13-годишнината од смртта на нашиот Тоше Проески, неговиот голем пријател и колега, хрватскиот пејач Тони Цетински со своите обожаватели сподели дека никогаш нема да го преболи заминувањето на неговиот пријател, соработник и колега.

Instagram

13 долги години. Утре некаде во ова време нѐ напушти физички, но само физички брате мој. Не ми се верува колку многу ми недостасуваш денес и колку сѐ уште ни е тешко што си замина прерано. Животот навистина не е фер“, напиша Тони.

Ме прашуваш каде сум и што правам? Плачам, да, плачам. На пат сум, секако, и има одвратен дожд, но твојата насмевка е надежта која ни е толку потребна во овие чудни и зли времиња. Ќе биде сѐ во ред додека те имаме тебе кој нѐ чуваш со својата присутност, песни и целата добрина што ја остави на оваа планета. Ти си ангел на добрината. Знам дека нѐ чуваш како што и ти мора да знаеш дека си секогаш во нашите молитви. Те сака твојот брат“, додаде Цетински.

Нашиот непребол, Тоше Проески, загина во сообраќајна несреќа на автопат кај местото Нова Градишка во Хрватска. 26 годишниот Тоше за време на судирот спиел на совозачкото место…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот