Тони Бенет нема да настапи со Лејди Гага на Греми наградите: Алцхајмеровата болест си го направи своето
Легендарниот Тони Бенет нема да настапи на овогодинешните Греми награди поради последиците од Алцхајмеровата болест, потврди неговиот син.
Вечерва во Лас Вегас ќе се одржи 64-тото доделување на Греми наградите: Ова се фаворитите
Тони беше поканет да настапи на доделувањето на Греми наградите во Лас Вегас со Лејди Гага, но тоа, за жал, не било возможно.
View this post on Instagram
95-годишниот Тони сепак, ќе мора да ја следи нејзината изведба на песната „Love for Sale“ од својот дом во Њујорк.
„Среќен е што нивниот албум „Love for Sale“ е номиниран во дури шест категории. Сепак, Алцхајмеровата болест си го направи своето и решивме дека е најдобро за неа е да настапи сама“, изјави Дени Бенет за „Variety“.
View this post on Instagram
Да потсетиме, на Бенет во 2016 година му беше дијагностицирана Алцхајмерова болест, а неодамна објави дека наскоро целосно ќе се повлече од очите на јавноста. Последен пат настапи во август на концертот наречен „One Last Time“ во „Radio City Music Hall“ во Њујорк.
View this post on Instagram