Томори се „согласил“ за нов договор со италијанскиот шампион Милан

Фикајо Томори („Милан“) има значајна улога во освојувањето на титулата во Серија А/Фото: EPA-EFE/ROBERTO BREGANI

Фикајо Томори се согласил да го продолжи договорот со Милан, според италијанскиот весник „Тутомеркато“.

Томори, кој моментно е со репрезентацијата на Англија за јунските натпревари во Лигата на нации, дојде во редовите на Милан како позајмица од Челси во јануари 2021 година пред трајно да се пресели на „Сан Сиро“ тоа лето.

Во првата целосна сезона дефанзивецот на „росонерите“ имаше значајна улога во освојувањето на нивната прва титула во Серија А по 11 години, а неговите добри игри најверојатно му донесот нов договор.

Се вели дека Томори треба да заработува над три милиони евра годишно, плус бонуси.

Во својата клупска кариера како позајмен играч настапуваше и за екипите на Брајтон, Хал сити и Дерби каунти. Минатата сезона во најсилниот италијански шампионат за Милан запиша 31 настап.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот