Том Круз после разводот се оддалечи од својата ќерка: Сури ги пронајде љубовните писма на Том и повторно сака да се сретне со татко ѝ!

Кејти Холмс и ќерката Сури / Фото: Профимедиа

Том Круз и Кејти Холмс во својот брак ја добија ќерката Сури Круз, која потполно изгуби контакт со својот татко. Сури не можела да ги задржи солзите кога ги пронашла интимните писма кои нејзиниот татко ги пишувал за нејзината мајка.

Адвокатот на Кејти ги задржал писмата после разводот бидејќи мислел дека може да се корисни еден ден. Со тоа се согласила и актерката, чија идеја било да ги покаже писмата на Сури кога таа доволно ќе порасне. Но, изгледа дека тој момент дошол пред планираното.

Instagram

Девојчето ги пронашло писмата во куќата на своите баба и дедо, поточно во „временската капсула на Том“, односно тајното место каде ги сокрила нејзината мајка.

„Беше тоа емотивен момент и за Кејти и за Сури. Кејт планираше да ѝ ги покаже писмата на Сури еден ден, но во поинаква верзија. Не беше спремна за многуте прашања“, рекол изворот.

профимедиа

„Кога ги прочита писмата, Сури повторно изрази желба да се сретне со својот татко. Сака да знае повеќе за него. После разводот тој не се гледаше премногу со неа“, додал изворот.

Том Круз е член на Сциентолошката црква, а пради своите верувања се оддалечил од својата ќерка и поранешна сопруга. Некои странски медиуми тврдат дека девојчето сака летото да го помине со таткото и да оди во сциентолошки камп, но тоа не е потврдено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот