Том Џонс се плашел дека нема да ја преброди смртта на неговата сопруга со која биле во брак 59 години
Сер Том Џонс признава дека загубата на сопругата е најтешкото нешто со кое се соочил во неговиот живот.
Препорачано
80-годишниот музичар трагично ја изгуби својата сопруга Линда која во 2016 година почина од рак на белите дробови.
„Кога ја изгубив Линда пред пет години тоа беше најтешкиот период од мојот живот. Искрено не мислев дека ќе го пребродам тоа. Морав да посетувам терапевт затоа што постојано размислував: Дали направив доволно? Дали бев присутен? Дали таа умираше без навистина да сфатам што се случува?“, вели Џонс, кој беше во брак со Линда 59 години.
View this post on Instagram
Џонс кој се ожени за Линда на 16-годишна возраст, а како што вели, нивниот брак бил солиден, пишува „Сан“.
„Но, терапевтот ми рече: Не, таа имаше рак на белите дробови, ти ништо не можеше да направиш во врска со тоа“, вели пејачот.

Музичарот вели дека секогаш кога ќе застане на сцената го чувствува присуството на неговата сакана Линда.
Во меѓувреме, Том признава дека староста е „ужасна“ затоа што многу негови пријатели и сакани личности веќе починале.
„Староста е ужасна, затоа што губите многу пријатели. Велс, за мене сега е само сеќавање. Ако се вратам таму, веќе се срушени многу згради, пабови, клубови… Луѓето со кои пораснав веќе ги нема“, вели Џонс.


