„Тој како да не постои на факултетот“: Вака Барон Трамп ги поминува студентските денови
Барон Трамп не се истакнува премногу на Универзитетот во Њујорк и користи видеоигри за да се дружи со своите врсници, барем така изјавиле неговите соученици, пренесува „Индекс.хр“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Тој како да не постои“
ТМЗ разговарал со неколку студенти на престижниот универзитет на Менхетен кои изјавиле дека Барон поминува многу малку време на кампусот.
„Тој брзо влегува и излегува од зградите, секогаш е опкружен со агенти на тајните служби“, велат тие.
Еден студент пак изјавил дека Барон обично седи во задниот дел од салата, опкружен со агентите, а друг дека „Тој како да не постои“.
Извор на тајната служба за TMZ објаснил дека агентите се задолжени за Барон 24 часа на ден, секој ден, во текот на годината. Со оглед на неговата посебна ситуација, студентите на Универзитетот претпоставуваат дека му е тешко да живее вообичаен бруцошки живот. Иако можеби не е љубител на забавите, општ впечаток е дека е опуштен и пријателски настроен кога ќе се сретне со студентите.
Интересно е што Барон на посебен се поврзува со други студенти , најчесто преку видеоигри. Тој, наводно е страстен гејмер и комуницира со другите студенти играјќи онлајн игри со нив. Според нив, тој особено сака да игра ФИФА, односно виртуелен фудбал.
Интересот на Барон за видеоигрите е познат подолго време. Додека Доналд Трамп беше на претседателската кампања, тој разговараше со преносителот Адин Рос, а потоа му кажа дека Барон е негов голем обожавател.
Доналд Трамп за својот 18-годишен син: „Згоден е, но никогаш немал девојка“


