Тодоров: Во 2025 година ќе бидеме дел од Евробаскетот, и тоа не како аутсајдери!

фото: КФСМ

Машката сениорска репрезентација на Македонија не успеа да обезбеди пласман на завршниот турнир од Европското првенство. На последниот турнир во Перм, баравме победа изразена со над десет поени разлика против Естонија.

Кога моравме, прво ја победивме Италија, а потоа во мечот на одлука ја победивме и Естонија. Но не со десет, туку со два поени разлика. Тие осум поени ни пресудија, на крајот на трката останавме зад Италија, Русија и Естонија.

Доволно за селекторот Александар Тодоров да направи една првична анализа за овој квалификациски циклус, кој го завршуваме со ефект од две победи и четири порази.

– Доколку се осврнеме наназад на овие шест натпревари од овие квалификации, можам да кажам дека има два спротивставени моменти, едниот разочарувањето поради необезбедувањето пласман на ЕП, и вториот огромното задоволство дека бев дел од нешто ново што се создава и што ќе трае во наредните 10-15 години. Имаме два порази во израмнети, до последните минути, средби со Русија и Италија. Имаме еден крајно лош натпревар со Русија, ама имаме и две победи, и едно катастрофално лошо полувреме во Скопје во првиот натпревар во овој циклус нè остави да го гледаме следното ЕП дома – рече Тодоров.

Трајковски: Ќе им помагам на овие млади играчи се додека ме држат нозете

Вели дека повторно би одел по овој пат..

– Кога за првпат ја добив понудата за селектор, ми требаше речиси еден месец да одлучам дали сакам да се впуштам во една нова авантура, посебно што првичниот впечаток, и мој и на луѓето со кои разговарав, беше дека речиси се минимални шанси за макар и една победа. Сепак, од денешен агол, ако повторно е ноември 2019 година, и ја добијам истата таа понуда, сигурен сум дека пак би ја прифатил, бидејќи навистина ми беше задоволство да работам со оваа група на играчи, независно од крајниот резултат. Запознав десетина млади играчи, кои не само што не ги имав тренирано, а воопшто не ги ни познавав, и сигурен сум дека со нив, но 3-4 години постари, веќе во 2025 година Македонија ќе биде дел од Евробаскетот, и тоа не само во улога на аутсајдер – се зборовите на нашиот селектор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот