Тодориќ: Обвинението за „Агрокор“ е глупост, не се бранам и нема да се бранам

Поранешниот сопственик на „Агрокор” Ивица Тодориќ денеска одби да се изјасни по обвинението, кое го товари него и неколку негови соработници дека ја оштетила компанијата за повеќе од 1,2 милиони евра.

– Не сакам да се изјаснам за оваа глупост, рекол Тодориќ, пренесува загрепскиот портал Телеграм.

Во овој случај, обвинети се и поранешните менаџери на „Агрокор” Анте Хуљев и Пирушка Цањуга, како и швајцарската државјанка Никол Де Роси. Сите денеска се изјаснија дека не се виновни.

По рочиштето, Тодориќ им рече на новинарите дека Агрокор била приватна компанија во која сите биле задоволни.

– Јас не се бранам и нема да се бранам, но ве уверувам дека ова е срамно, оцени Тодориќ.

Обвинението го товари Тодориќ, дека заедно со соработниците „испумпале” од „Агрокор” 1,2 милиони евра , односно дека парите завршиле на сметката на швајцарската компанија „Сигман Инвест АГ”.

Истрагата против Тодориќ и 14 други лица осомничени за оштетување на „Агрокор” е почна во октомври 2017 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот