Тоа е тајната на убавината! Овие холивудски ѕвезди не го мијат лицето наутро

Салма Хеак/Шерон Стоун/Кирстен Данст/Фото: Инстаграм

Меѓу холивудските убавици кои се откажале од утринското миење на лицето, се и Салма Хаек, Кирстен Данст и Шерон Стоун кои, сепак, тврдат дека постојат одредени правила до кои треба се придржувате доколку навистина сакаме оваа „недостаток на хигиена“ да ни биде од корист.

Селма пред неколку години ја разбранува јавноста кога изјави дека воопшто не го мие лицето наутро. Актерката покрена низа коментари за тоа дека тоа е нехигиенски. Меѓутоа, изгледа дека славната актерка го покрена трендот бидејќи денес сѐ повеќе жени го применуваат токму овој принцип.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek)

„Секогаш мијте го лицето навечер. Исчистете го навистина добро. Не мора да го миете со вода ако не сакате, важно е само темелно да го исчистите. Но, затоа немојте да го миете наутро, никогаш. Во текот на ноќта, вашето лице ги ослободува маслата што му се потребни за хидратација и се враќа нормалната пХ вредност. Можете само да го испрскате лицето со вода ако сакате“, објаснила актерката и додала дека лицето не може да биде валкано наутро ако добро сте го измиле навечер, пренесува „Еспресо.рс“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kirsten Dunst (@kirstendunst)

Овие тактики ги применува и Кирстен Данст, која истакнува дека никогаш не легнува со неисчистено лице, но и дека наутро никогаш не користи никакви средства за чистење.


Логиката зад ова е следнава – кога би го чистеле лицето со препарати и навечер и наутро, тоа многу брзо би останало без природни масла кои го прават младо и еластично. Некои дерматолози целосно се согласуваат со ова, додека други веруваат дека нечистотиите се таложат на лицето во текот на ноќта, особено ако живеете во град, каде што има многу смог и прашина. Сепак, овие актерки тврдат дека тоа е нивната тајна.

Продолжува кралската премиера на Џејмс Бонд: Шерон Стоун го придружуваше Принцот Алберт во Монако

ФОТО: Селма Хаек на градите истетовира големи цветови, сончогледи!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот