„Тоа е срамота!“: Ивановска вели дека „познат човек“ гради на диво на „Водњанска“, иако има решенија за уривање

Билјана Ивановска претседател на ДКСК - Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Претседателката на Државната комисија за спречувањето на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска вечерва во гостувањето на „ТВ21“ наведе случај со објект во Центар, на улицата „Водњанска“ („Мајка Тереза“), кој продолжува да се гради на диво, иако општината повеќепати издала решение за уривање.

„Колку имате вие инспекциски наоди за дивоградби. Инспекторот ќе напише: ова треба да се сруши… еве ви го случајот на „Водњанска“ со познат човек кој е инвеститор на објект. Објектот изграден на четири-пет ката, доаѓа инспектор од општина Центар, двапати пишува решение за уривање, не се урива објектот, си продолжува да гради. Уште мајсторите им пуштаат предизвикувачка музика на околните граѓани дека законот ништо не им може. На што личи тоа? На ништо не личи, тоа е за срамота!, рече гневно Ивановска во емисијата „Клик плус“.

Таа додаде во моментов антикорупционерите го работат овој предмет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот