• водњанска

ФОТО: Изгоре автомобил на „Водњанска“, се запалил во движење

Автомобил се запали вечерва и изгоре на коловозот на булеварот „Водњанска“ во Скопје, кај основното училиште „Кочо Рацин“. Пожарот го гаснат скопските пожарникари. Причинета е материјална штета, а засега нема информации за повредени. Според неофицијалните информации, колата се запалила додека се движела по улицата и брзо пламнала и целосно изгорела.