Полициска лента / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Тинејџерка тешко повредена во сообраќајка на патот Тетово-Попова Шапка

Вчераво 22.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-Попова Шапка се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес” со косовски национални ознаки, управувано од четириесет и едногодишниот Н.Р. од Тетово и патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од дваесет и двегодишниот И.Ј. од тетовското село Челопек.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „ауди“ – Б.Џ.(19) од Тетово, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово“, информираат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот