Тинејџери пронашле бебе во кутија за јајца во Сибир, надвор било минус 20 степени

Фото: Профимедиа

Руските власти соопштија дека бебето пронајдено во Сибир на минус 20 степени Целзиусови е во добра здравствена состојба, пишува Би-Би-Си.

Бебето, оставено во кутија за јајца, го пронашле петмина тинејџери, на улица во близина на селото Сосновка. Родителите на еден од тинејџерите веднаш го пренеле во болница каде било констатирано дека е во добра здравствена состојба.

Полицијата ја бара мајката на девојчето и отвори истрага за обид за убиство на малолетно лице, јави Би-Би-Си.

Родителите на тинејџерот, Ана и Дмитриј Литвинов, сакаат да го посвојат бебето, но мора да почекаат да видат дали полицијата ќе ги најде нејзините роднини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот