Тинејџер паднал од кањон во САД / Фото Mason County Sheriff's Office

Тинејџер во САД преживеал пад од кањон од 120 метри

Тинејџер во американската сојузна држава Вашингтон преживеа пад од 120 метри од кањон со само „минимални повреди“, соопшти локалната полиција.

Како што пренесува Би-Би-Си, тој бил спасен во „безбедна и успешна операција“. Локалната противпожарна служба извести дека тинејџерот има 19 години и има „неверојатна среќа“ што е жив.

Младиот човек бил на планинарење. „Тој одеше по многу стрмниот раб на патеката што исто така е необележана“, рече Метју Веландер, шеф на противпожарната служба.

„Се лизна сè до реката“, им рече Веландер на новинарите од местото на настанот.

Момчето превентивно е пренесено во болница. Властите повторно ги потсетија луѓето да не пешачат во областа, која се вели дека е опасна и за пешаците и за спасувачите. Секоја година на тој локалитет се евидентираат несреќи со загинати.

„Им кажавме на луѓето да се држат подалеку од овие патеки бидејќи се опасни, но луѓето или не ги видоа знаците за предупредување или ги игнорираа“, изјави полицаец вклучен во спасувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот