Тимо Вернер е блиску до заминување од Челси

Јувентус и Реал Мадрид со интерес за Тимо Вернер/Фото: EPA-EFE/Peter Cziborra

Тимо Вернер дојде во Челси како едно од најголемите засилувања летото 2020 година во трансфер вреден околу 53.000.000 евра од Лајпциг, но не се прослави во изминатите две сезони.

Германскиот напаѓач одигра 56 натпревари во Премиер лигата и постигна 10 гола, премалку за играчот од светска класа за каков што го сметаа лондонските „сини“.

Јасно е дека 26-годишниот Вернер не се вклопуваше во стилот на играта на Челси, па заминувањето од клубот можеби е најдоброто решение.

Во претходните денови напаѓачот беше поврзуван со трансфер во Јувентус, а денеска шпанските медиуми тврдат дека Вернер е интересен за европскиот шампион Реал Мадрид.

Јасно е дека во Мадрид би ја имал улогата на резерва за Карим Бензема, кој по заминувањата на Мајорал и Јовиќ само во Маријано Дијаз има конкуренција за место на теренот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот