Тим од Фарски Острови ќе игра за плеј-оф во Лигата на шампионите

фото: instagram.com/klaksvikaritrottarfelag

Клаксвик од Фарски острови летово е сензација во фудбалска Европа, после унгарскиот Ференцварош, денеска во квалификациите за Лигата на шампионите го исфрли и шведскиот Хакен на македонскиот интернационалец Филип Трпчевски.

Клаксвик во првиот натпревар од второто квалификациско коло во ЛШ одигра 0:0 против Хакен, а на реваншот беше 3:3 после регуларните дел и двете продолженија, по што одлучуваа ударите од белата точка. А во пенал серијата Клаксвик беше подобар со 4:3.

Така, Клаксвик испиша историја, не само што се пласираше во трето квалификациско коло на ЛШ, има сигурно учество во плеј-офот на Лига Европа и сигурен пласман во групите на Конференциската лига.

Во третото квалификациско коло на ЛШ тимот од Фарски Острови ќе игра против норвешкиот Молде.

Молде го елиминираше ХЈК од Финска на нашиот голман Дејан Илиев кој е надвор од терените поради повреда.

ХЈК имаше предност од 1:0 од првиот меч, но не успеа да ја одбрани позитивата откако Молде славеше на возвратниот дуел со 2:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот