фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Тибо Куртоа ќе потпише нов договор со Реал Мадрид

Раководството на шпанскиот фудбалски клуб Реал Мадрид и голманот Тибо Куртоа се согласија во преговорите за нов договор.

Според информациите од весникот „Марка“, белгискиот голман ќе ја продолжи соработката со „Кралевите“ до 2027 година.

Претходниот договор на Белгиецот беше до летото 2026 година, но ќе биде продолжен за уште една сезона.

Новиот договор ги отстранува сите клаузули во врска со бројот на одиграни натпревари и условите за ново продолжување.

Сите детали од новиот договор се веќе разјаснети и се очекува само официјално соопштение од Реал.

Куртоа ќе започне со тренинзи со шпанскиот гигант на 4 август. Тој пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ во 2018 година од Челси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот