ТФТ стави крај на серијата од осум победи на Пелистер

фото: kfsm.mk

Во „јадранското дерби“ во македонската кошарка, екипата на ТФТ беше подобра од Пелистер со 95:90.

На отворањето на 10 коло од Првата лига, во натпревар во кој екипата од Тафталиџе имаше постојано водство кое битолчани успеваа да го стигнуваа, но не и да го престигнат, па домаќините најдоа решение да стават крај на победничата серија на „пелистерци“ која „траеше“ цели осум кола.

ТФТ погоди 12 тројки од 29 обиди, шест од нив реализираше Костоски кој го заврши мечот со 23 поени, Андерсон имаше 19, Мекбраер 17, а Николов 11.

Кај Пелистер пак, одлично поентерско расположение на двоецот Карпентер (30 поени), и Мустафица кој изброја 28 поени, а имаше 11 скока, додека прв асистент со 12 асистенции беше нашиот репрезентативец Стајиќ.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 10.КОЛО

ТФТ – ПЕЛИСТЕР 95:90

17 ДЕКЕМВРИ (САБОТА)

18.00: ГОСТИВАР – КОЖУВ
19.00: РАБОТНИЧКИ – ЕУРО НИКЕЛ 2005
19.00: СТРУМИЦА 2022 – КУМАНОВО 2009
19.15: НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП – ЧАИР 2030

19 ДЕКЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК)

18.00: МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ФЕНИКС 2010

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот