Тежок удар за Лејкерси: Дончиќ потешко се повредил – регуларната сезона за него заврши
Лука Дончиќ на последниот натпревар во дресот на Лејкерси заработи повреда која по прегледите се покажала дека не е наивна и за словенечекиот кошаркар регуларната сезона е завршена, а многу веројатно и дека тимот нема да може да смета на него и за првата рунда од плеј-офот.
Препорачано
За повредата на Дончиќ зборуваше и специјалистот за спортски повреди Џеси Морс.
„Во најдобар случај, Дончиќ може да се врати за три недели, но пореално е тоа да биде за четири до шест недели. Со оглед дека плејофот почнува за две недели, тоа значи дека ќе ги пропушти сите натпревари до крајот на регуларниот дел, како и првата рунда од доигрувањето. Можно е да се врати кон крајот на серијата, но со ограничена минутажа.“
Според повеќе извори, под знак прашалник е и неговото евентуално учество во втората рунда од плејофот, секако, доколку Лејкерси го минат првото коло без својата најголема ѕвезда.
Повредите од ваков тип бараат опоравување од неколку недели, а Дончиќ веќе има искуство со проблеми со тетивата. Непосредно пред ол-стар паузата пропушти четири натпревари поради слична повреда, но тогаш се врати побрзо.
JUST IN: Luka Doncic suffered a Grade 2 Hamstring tear— average time to return is 5 weeks.
His first and second round is in danger.
Absolutely brutal news for the Lakers. pic.twitter.com/uphomz8iQ3
— Legion Hoops (@LegionHoops) April 3, 2026
Словенечката суперѕвезда игра сезона од соништата во својот прв целосен циклус со Лејкерси, каде лани пристигна од Далас. Во просек бележи 33,5 поени, 8,3 асистенции и 7,7 скока по натпревар.
Тој беше прогласен за играч на месецот на Западот за март, откако врза 13 натпревари со најмалку 30 поени, од кои седум беа со 40+. Постигна 51 поен против Чикаго и историски 60 поени во Мајами.
Ова е тежок удар за Лејкерси, бидејќи Дончиќ се повреди во момент кога беше во животна форма, непосредно пред почетокот на најважниот дел од сезоната. Во март постигна дури 600 поени, со што стана само десеттиот играч во историјата на НБА што стигнал до таа бројка во еден месец.
Иако Леброн Џејмс и Остин Ривс се во добра форма, јасно е дека Лејкерси во голема мера зависат од Дончиќ, кој во март директно учествуваше (со поени или асистенции) во 58 проценти од вкупниот офанзивен учинок на тимот.
Just in on @SportsCenter – Lakers’ Luka Doncic will be sidelined indefinitely heading into the playoffs with a Grade 2 left hamstring strain: pic.twitter.com/3yXfJzHYTO
— Shams Charania (@ShamsCharania) April 3, 2026


