Тетовските улици вријат од „диви возачи“, без возачки возат и камиони и комбиња

Фото: Слободен печат

Секој месец тетовската полиција казнува стотици граѓани, кои возат без положен возачки испит. Возат малолетници, а зад волан седнуваат дивите возачи управувајќи дури и комбиња и камиони, говорат податоците на СВР Тетово.

Казните на полицијата не ги плаши прекршителите да седнат зад волан. Хаосот во сообраќајот голем, а ризикот од сообраќајни несреќи уште поголем.

„Полициските службеници на СВР Тетово во текот на минатата (2022) година изрекле вкупно 2364 мерки за управување на возила без положен возачки испит и валидна дозвола за тоа (ТЕ-1728 и ГВ-636). Во првите два месеци од годинава, бројот на ваквите мерки изнесува 360 (ТЕ-260 и ГВ-100),“ изјави портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

На возачите кои ќе се затекнат како управуваат возило без положен возачки испит, но и на сопствениците на возилата им се изрекуваат казни од 250 евра. Граѓаните сметаат дека за прекршителите треба има поголеми санкции оти се работи за мала казна кои ќе ја платат и пак го повторуваат делото.

„Низ тетовските улици има се и сешто, хаотично е. Не може некој да управа комби, ако нема положен возачки испит, тоа е голем ризик. За таквите треба да има поригоризни казни и да сакаат да полагаат за возачка да има забрана за нив оти таквите прекршители се опасни за себе и за околината“, вели еден тетовец.

„Сметам дека за оваа проблематика и самите родители се виновни. Ги седнуваат децата зад волан и на 12 години. Гледам низ центар на Тетово родител со своето дете кое му седнало во скут возат низ улиците, како така, тоа треба одма да се казни ригорозно. Има време ќе наполни 18 годиин и ќе вози. На овој начин само ги мотивираат децата да прават прекршоци“, вели дриг тетовец.

Секторот за внатрешни работи Тетово апелира, посебно до младите, да не управуваат возила без претходно да ја завршат теоретската и практичната обука и да го положат возачкиот испит, зашто во спротивно ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Да бидат максимално внимателни им се советува и на возачите-почетници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот