Мајкл Џексон / Фото: Jazz Archiv Hamburg / Hardy Schiffler / akg-images / Profimedia

ФОТО | Тетоважи на усните, перики и лузни: Обдукцијата ги откри морничавите детали од медицинското досие на Мајкл Џексон

Ненадминливиот Мајкл Џексон, една од најголемите ѕвезди на 20-тиот век, замина во вечноста пред речиси 17 години. И додека неговите рекорди остануваат недостижни, мистериите за неговиот изглед продолжуваат да ја брануваат јавноста.

Со децении светот сурово го осудуваше, ширејќи гласини дека намерно ја избелувал кожата бидејќи се „срамел од својата раса“. Постоеја дури и бизарни инсинуации дека сакал да наликува на својот идол Дајана Рос. Но, вистината што излезе на видело по неговата смрт е многу потрагична.

Борбата со „невидливиот непријател“

Во средината на осумдесеттите, во екот на најголемата слава помеѓу албумите „Thriller“ и „Bad“, Џексон дознава дека боледува од витилиго, хронично заболување кое создава бели дамки на кожата. За човекот кој беше под постојан лупа на јавноста, ова не беше само естетски проблем, туку извор на длабоко понижување. Ракавиците, шеширите и маските кои ги носеше не беа само моден ексцентрицизам, тие беа неговиот штит.

Мајкл Џексон – Фото: Инстаграм/urbanthrowbacks

Шокантните наоди од обдукцијата

Мистеријата за неговото тело беше конечно разрешена со официјалниот извештај од обдукцијата. Иако почина од срцев застој предизвикан од труење со анестетикот пропофол, неговото тело раскажуваше друга приказна. Извештајот потврди дека неговата кожа била нерамномерно обоена и полна со лузни, што е дефинитивен доказ за тешката форма на витилиго.

Фото: Профимедиа

Живот во болка и перики

Малкумина знаат дека Мајкл Џексон остана без својата препознатлива густа коса уште во 1984 година. За време на снимањето на кобната реклама за „Пепси“, неговата коса се запали, оставајќи го со тешки изгореници од втор и трет степен на темето. Оттогаш, па сè до смртта, кралот на попот беше принуден да носи перики, а за да ги скрие белезите, користеше дури и тетоважи на линијата на косата и усните.

Бројните естетски зафати за кои беше исмеван, всушност биле очајнички обиди да го поправи она што болестите и несреќите му го одземаа. Неговата животна приказна останува потсетник дека зад целиот сјај и гламур, се криеше еден осамен човек кој својата болка ја носеше тивко, далеку од очите на светот.

профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот