Тест на личноста: Изберете еден був и откријте ги своите силни и слаби страни
Дали сте подготвени да ја дознаете вистината за себе? Никој не е совршен, а дури и најмалите слабости можат да нè оддалечат од успехот. Само кога навистина се познаваме себеси и умееме да ги препознаеме сопствените сили и слабости, можеме да се развиваме и да напредуваме. За жал, понекогаш не е лесно да утврдиме во што сме навистина добри, пишува „Сенса“.
Препорачано
Самоспознанието оди подалеку од обична свесност за себе – тоа бара длабока и искрена самоанализа. Таа ни помага да ги препознаеме нашите квалитети, особеностите што нè разликуваат од другите, но и оние карактеристики што можеме да ги искористиме во своја полза. Прифаќањето на несовршеноста не е знак на слабост, туку доказ за подготвеност за раст. Тестовите на личноста можат да бидат првиот чекор кон тоа патување. Од научна гледна точка, психолошкиот тест е метод што се користи за мерење и процена на различни аспекти од човечкото однесување, способностите, цртите на личноста и менталното функционирање.
Ако сакате да ги откриете своите силни и слаби страни, направете го овој краток тест. Без многу размислување, спонтано изберете був и откријте што значи вашиот избор.
Був 1
Вашата најголема предност е отвореноста кон луѓето, светот и новите искуства. Благодарение на оваа особина, лесно воспоставувате социјални контакти, брзо се снаоѓате во нови средини и не се плашите да прифатите предизвици. Секогаш го слушате вашиот внатрешен глас, кој игра важна улога при донесувањето одлуки. Темелно размислувате пред да одлучите и почесто ја избирате самотијата отколку површните односи. Имате силна желба постојано да учите нови и интересни нешта. Вие сте личност што ги почитува другите, рефлексивна, чувствителна и интроспективна.
Вашата најголема слабост е склоноста кон мешање во туѓи животи, често без да го забележите тоа. Иако сте добронамерни и отворени, важно е да научите да ја контролирате желбата постојано да помагате и да ги анализирате постапките на другите. Обидете се таа енергија да ја насочите кон себе и сопствениот живот.
Був 2
Емпатијата е исклучителен квалитет што ве издвојува од останатите. Вашата способност искрено да ги разберете и почувствувате емоциите на другите е ваша голема сила. Таа ви овозможува да чекорите низ животот со сочувство и да носите одлуки што ја ставаат благосостојбата на луѓето околу вас на прво место. Оваа чувствителност не само што ги зацврстува односите, туку придонесува и за похармонична и погрижлива заедница.
Но, зад оваа сила се крие и сериозен предизвик – стравот. Стравот од нови можности и од неуспех може да ве парализира и да ве спречи целосно да го живеете својот потенцијал. Важно е да разберете дека стравот е природна човечка емоција, но не смее да го води вашиот живот. Препознавајќи го и соочувајќи се со него, можете да го претворите од пречка во можност за личен раст.
Був 3
Вашата сила лежи во амбицијата. Од секогаш сте сонувале за големи успеси и подготвени сте многу да жртвувате за да ги остварите. Амбицијата е моќна движечка сила што ве турка напред и ви дава потенцијал за извонредни достигнувања. Вашата посветеност и истрајност се вредни за почит.
Сепак, една значајна пречка може да го забави вашиот напредок – склоноста кон детинесто и кловновско однесување. Иако хуморот и опуштеноста се привлечни, претераната шеговитост може да направи другите да не ве сфатат сериозно кога станува збор за важни прашања. Обидете се да пронајдете рамнотежа меѓу леснотијата и зрелоста. Запомнете дека професионализмот и чувството за хумор можат хармонично да коегзистираат.
Був 4
Оптимизмот е без сомнение вашата најголема предност. Вашата ведра природа и топла насмевка ги привлекуваат луѓето и ве прават пријатно и посакувано присуство, и во личниот и во професионалниот живот. Позитивниот поглед кон светот не само што го подобрува расположението на околината, туку создава и пријатна, хармонична атмосфера. Насмевката е вашето тајно оружје, а вашата енергија ве прави омилени меѓу пријателите и ценети на работното место.
Но, зад овој позитивен став се крие една слабост – тврдоглавоста. Иако е убаво да бидете пријателски и пристапни, важно е да знаете кога треба да застанете зад себе. Учењето да кажете „не“ и самоуверено да го изразите своето мислење е клучен дел од личниот развој. Асертивноста не значи тврдоглавост, туку способност јасно и со почит да ги искажете своите ставови и граници. Вашето мислење е важно и заслужува да биде слушнато.


