ФОТО: Тешко e повредена жена во експлозија на гас во куќа во Велгошти
44-годишна жена е тешко повредена во силна екплозија на гас што се случила денеска во охриското село Велгошти. Како што соопштија од противпожарната служба Охрид, брзата реакција на пожарникарите спречила ширење на огнот.
Препорачано
„Во текот на денешниот ден ТППЕ Охрид, интервенираше на санирање на последиците од разорна експлозија во куќа во Охрид, с.Велгошти. Експлозијата е предизвикана од зголемена концентрација на гасови (плин) и останати фактори, кои придoнеле за високо ниво на експлозивност. Благодарение на брзата реакција на пожарникарите, спречено е и опожарување на објектот. Повредена е една жена, која е преземена од екипите на Брзата помош“, соопшти ТППЕ Охрид.
Настанот го потврдија и од охридската полиција, наведувајќи дека пожарот избил околу 11 часот.
„На 06.02.2026 година во 10.58 часот, во СВР Охрид е пријавено дека избувнал пожар во куќа во охридското село Велгошти при што, Е.Т.Ѓ.(44) од истото село се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид“, соопшти охридската полиција.
Се преземаат мерки за утврдување на причините за пожарот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
6час
-
7час
-
7час
-
8час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


