Фото: илустрација / МИА

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа во Скопје

Сообраќајна несреќа се случила вчера околу 20.30 минути на крстосница од ул.„Антон Попов” и ул.„Мишко Михајловски” во Скопје. Во несреќата учествувале автомобил од марката „дачија” управувано од В.М.(48) и и мотоцикл со управуван од Б.З.(21) од Скопје. Мотоциклистот со тешки телесни повреди бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза”.

 

„На 31.08.2023 околу 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Антон Попов” и ул.„Мишко Михајловски” во Скопје се  случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „дачија” со скопски регистарски ознаки, управувано од В.М.(48) од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.З.(21) од Скопје. По несреќата, возачот на мотоциклот Б.З. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза” – Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, додека сопатничките од возилото „дачија” – А.М.(50) и А.Ѓ.(29), двете од Скопје, биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември”, каде што на А.М. и биле констатирани телесни повреди, а на А.Ѓ. и биле констатирани тешки телесни повреди“, информираат од МВР.

 

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот