Ана Костадиновска и Сара Пројковска / Фото: Фејсбук/Ана Костадиновска

„Тешко без тебе“: Ана Костадиновска со емотивен спомен на својата Сара, една година по трагедијата во Кочани

Ана Костадиновска сподели тажен спомен за својата другарка Сара Пројковска, која загина во трагичниот пожар во Кочани на 16 март лани.

Костадиновска, која е професорка во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, објави видео со колаж од фотографии со Пројковска, со која заедно пееја придружни вокали, а приватно беа блиски како сестри.

„Тешко, тешко без тебе, една година“, напиша Ана и ја сподели песната од Тамара Тодевска „Тешко без тебе“.


Пред неколку дена, Костадиновска сподели детали од кобната ноќ во Кочани на 16 март, кога во дискотеката „Пулс“ загинаа повеќето членови на групата „ДНК“.

„Паметам како вчера да беше – секоја песна, секоја емоција. Стопати си кажавме колку се сакаме, скокавме, се забавувавме, се гушкавме, како да знаевме дека е последно… Бескрајно многу ми недостасувате“, напиша професорката по пеење.

Пред неколку месеци, во интервју за „Слободен печат“, Костадиновска рече дека Сара била прекрасна личност, жена-светлина.

„Секој миг поминат со неа ми ја грее душата. Тука е и секогаш ќе биде, сѐ додека дишам и постојам. Пеењето секогаш ми било единствен лек за секоја душевна болка. Но, секако, не беше лесно враќањето на сцена. Среќна сум што се случи покрај Каролина, која беше можеби единствениот човек покрај кој беше можно да запеам во тој момент. Таа е моја и на Сара долгогодишна пријателка, со која имаме навистина посебна врска“, рече Костадиновска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот