Тешки зборови од екс француски фудбалер: Од кого се плаши Гризман, од полуаутистично џуџе од 150 сантиметри?

twitter/barselonafans

Остри зборови од поранешниот француски репрезентативец Криштоф Дугари за првата ѕвезда на Барселона.

Антоан Гризман за време и по натпреварот со Атлетико Мадрид беше ставен на столбот на срамот и тоа од сопствениот клуб Барселона. Тренерот Кике Сетиен го внесе во игра во 90. минута, а веќе не е тајна дека Гризман не е добро прифатен од првата ѕвезда на екипата Лионел Меси.
Поради тоа Гризман преку својот агент побара состанок со управата на Барселона за да ги слушне директно дали има иднина во клубот.

Гризман доби поддршка од татковината и тоа од поранешниот репрезентативец Криштоф Дугари кој верува дека зад сите проблеми за неговиот сонародник стои Лионел Меси.

– Од кого се плаши Гризман, од дете од 150 сантиметри кое е полуаутистично? Се што треба е да покаже мадиња. Доколку имам проблем тоа треба да го каже јавно. Веќе година дена зборуваме дека има несогласувања со Меси, но тоа треба Гризман да го каже јавно – рече Дугари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот