Сообраќајка Стража
Фото: илустрација / Слободен печат

Тешка сообраќајна несреќа од Стража кон Кичево, патот беше блокиран

Тешка сообраќајна несреќа со четири возила се случила попладнето на патот од Стража накај Кичево, во близина на селото Трапчин Дол, по што сообраќајот на оваа делница беше подолго време во прекин.

„Во несреќата учествувале три патнички моторни возила и едно тешко товарно возило. Камионот бил со албански регистарски ознаки, додека едно од патничките возила било со унгарски, а едно со кичевски регистарски таблички. На местото на несреќата интервенирале екипи на Итната медицинска помош и полицијата. Засега нема официјални информации за тоа дали во несреќата имало повредени луѓе.

Сообраќајот на патниот правец Стража – Кичево се пренасочуваше по споредните локални патишта, додека полицијата вршеше увид.

Возач со кола удрил момче на мопед во Скопје, завршило во болница со тешки повреди

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот