Фото: Архива на „Слободен печат“

Тешка сообраќајна несреќа на позната црна точка во Штипско – интервенираат пожарникари

Повеќе од два часа е затворен регионалниот пат меѓу Штип и селото Караорман, поради тешка несреќа во која се повредени тројца луѓе. Од полицијата велат дека биле повикани и пожарникари, кои помагале да се извадат повредените од возилата.

Во тек е увид на местото на несреќата, а повредените се пренесени во Клиничката болница во Штип. Засега нема подетални информации за нивната состојба.

Регионалниот пат село Караорман – Штип е затворен за сообраќај од 19.35 часот. Тој дел од патот каде што се случила несреќата, помеѓу Штип и Карбинци, е позната црна точка.

Патувачки бајачки убедиле жена од Кочани дека некој „ѝ фрлил магија“, а само тие го знаеле чарето

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот