Терзиќ поднесе оставка, Борусија Дортмунд ќе бара нов тренер
Човекот кој ја одведе Борусија Дортмунд до финалето во Лигата на шампионите, Един Терзиќ неочекувано си поднесе оставка од кормилото на „милионерите“.
Препорачано
Раководството на Борусија сега ќе биде во потрага по нов тренер, Терзиќ за својата одлука го известил раководствот уште по финалето на „Вембли“ во кое Борусија беше поразена од Реал Мадрид.
Клубот направил анализа и на крајот ја прифатил оставката, а како пресуден фактор за таквата постапка е петтото место во германското првенство.
„Почитувани фанови на Борусија, иако ме боли во моментов, морам да ве информирам дека денес го напуштам овој клуб. Беше голема чест да го водам овој фантастичен клуб до титулата во Купот и до финалето во Лигата на шампионите. По финалето на „Вембли“ побарав средба со раководството бидејќи по десет години во Борусија чувствувам дека е потребен рестарт и дека тоа треба да го направи некој друг“, соопшти Терзиќ.
Терзиќ својата приказна со Борусија ја започна уште во 2010 година кога прво беше скаут и помошник тренер во младинската академија, подоцна и соработник на Клоп во првиот тим.


