Теренски патроли во Карпош ги инфромираат граѓаните за мерките за заштита од ковид-19 (ВИДЕО)

Преку претставниците од своите урбани заедници и Секторот за дејности од јавен интерес, Општина Карпош започна теренска кампања преку која на најфреквентните локации на територијата на Општината се делат флаери преку кои се потсетуваат граѓаните на мерките за заштита и превенција од Ковид-19.

Претставниците на локалната самоуправа ги повикуваат граѓаните на носење заштитни маски, одржување дистанца и вршење на честа дезинфекција на рацете.

Како што вели Димитар Караташев од одделението за односи со јавност на Општина Карпош, оваа иницијатива е започната во текот на оваа недела, а ќе трае и во текот на следната.

– Задолжени лица редовно вршат дезинфекција и миење на улиците со цистерни, а се дезинфицираат воспитно-образовните установи во Карпош и им се помага и на социјално-загрозените домаќинства (со еднократна помош, донација на пехранбени продукти и средства за хигиена). Главната цел е уште повеќе да се разбуди свеста на граѓаните за почитување на мерките за превенција, а патролите по улиците најчесто се одвиваат во попладневните часови на најразлични локации ширум општината, како маалските паркови, платоа, плоштади и детски игралишта – велат од Општината.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот