Теодор Симиќ/Фото: kfsm.mk

Теодор Симиќ ќе игра во НЦАА лигата за УТ Арлингтон од Тексас

Членот на најдобрата македонска кошаркарска репрезентација, Теодор Симиќ, ќе продолжи да настапува во НЦАА лигата.

Нашиот 22-годишен кошаркар кој игра на позицијата центар, донесе одлука да го облече дресот на Универзитетот Арлингтон од Тексас.

Потсетување, во рамките од НЦАА лигата настапува уште еден македонски кошаркар, Андреј Шошкиќ кој е дел од Универзитетот Јужна Флорида, а претходно играше за Стони Брук.

Во натпреварувачката сезона 2025/26 Симиќ играше за Кожув и во 27 настапи имаше просек од 10.0 поени, 6.9 скокови и 1.2 асистенција по меч.

Симиќ беше дел од школата на Барселона, па играше за шпанскиот клуб Прат, па направи трансфер во редовите на Борац Бања Лука од Босна и Херцеговина. Во нашата земја освен за Кожув, играше и за ТФТ Скопје.

Екипата на УТ Арлингтон оваа година се најде на третото место во Вестерн Атлетик дивизијата со учинок од 18 победи и 14 порази.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот