ТЕНЗИИТЕ СЕ ЗАСИЛУВААТ: Гранатиран главниот град на Нагорно Карабах (ФОТО+ВИДЕО)

Ерменското Министерство за одбрана соопшти дека азербејџанските сили го гранатирале Степанакерт, главниот град на самопрогласената република Нагорно Карабах, а на Фејсбук објави видео од последиците од тоа гранатирање, пренесе Vjesti.me

На видеото се гледаат кратери по експлозија на гранати, урнатини на згради, автомобили закопани во урнатините.

Претходно беше објавено дека жени и деца го напуштаат Степанакерт поради гранатирање. Речиси сите жители ги напуштија градовите во Карабах, кои се на линијата на контакт со вооружените сили на Азербејџан.

Од Азербејџан, пристигнуваат поинакви информации за тековниот конфликт околу Нагорно Карабах. Ракетите летаат од Степанакерт кон азербејџанските градови, Баку одговара на огнот, тврди денеска Министерството за одбрана на Азербејџа,појаснувајќи дека е извршен ракетен напад од територијата на Степанакерт врз азербејџанските градови Тертер и Хорадиз, кои граничат со Нагорно Карабах.

-Во моментов Степанакерт е повторно нападнат, вели ерменското министерство за одбрана.

Министерството вели азербејџанската армија „презема соодветни мерки”.

Официјални лица од Нагорно Карабах соопштија дека досега се убиени над нивни 150 војници. Азербејџанските власти не дадоа детали за нивните воени жртви, но соопштија дека биле убиени 19 цивили и уште 55 ранети. 

Вахрам Погосијан, портпарол на претседателот на Нагорно Карабах, вчера на Фејсбук напиша дека разузнавачките податоци покажуваат дека околу 3.000 Азербејџанци загинале во борбите, но не даде детали.

Извор: Vjesti.ma.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот