Тенискиот свет во шок после мечот Ѓоковиќ-Надал: Дали го играме истиот спорт?

epa09263217 Novak Djokovic of Serbia in action against Rafael Nadal of Spain during their semi final match at the French Open tennis tournament at Roland Garros in Paris, France, 11 June 2021. EPA-EFE/IAN LANGSDON

Синоќа Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал одиграа епски меч во полуфиналето на „Ролан Гарос“. Шпанецот кој дури 13 пати го освојуваше грен слем турнирот во Париз до вчера имаше само два порази во францускиот главен град, еден од Робин Содерлинг и уште еден од Ѓоковиќ.

Токму српскиот ас му го нанесе и третиот пораз на „кралот на земјата“. Но, начинот на кој тоа го направи беше импресивен и тенискиот свет уште еднаш уживаше во магијата, фантастичните поени на првиот светски рекет, и воопшто на самиот спектакл.

Диего Шварцман, Енди Родик, Хуан Мартин Дел Потро и Матс Виландер се само некои од легендите кои беа одушевени од атомскиот тенис на овие двајца генијалци.

– Дали ние останатите тенисери го играме истиот спорт како овие двајца – се прашува Шварцман, додека Родик напиша дека тој меч беше еден од најдобрите кој тој некогаш го гледал.

Енди Мареј напиша: „На земја не може да се игра подобро од ова. Чисто совршенство“, а Дел Потро додаде:„Совршен меч. Неверојатно е тоа како играа. Сонувам повторно да се сретнат“.

Шведската тениска легенда и аналитичар на „Евроспорт“, Матс Виландер беше буквално во шок:

– Никогаш не сум видел подобар меч на земја. Имав чувство еден на друг ги предвидуваат ударите, играа неверојатно брзо – се зборовите на Виландер.

Прво грен слем финале за Циципас, елиминиран Зверев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот