Фото: Freepik

Тендерот за Дедо Мраз во Панчево го доби фирма што постои 5 дена, во сопственост на записничарка во Јавното Обвинителство

Панчево го плати дочекот на Дедо Мраз 5,1 милиони динари на фирма која постои само 5 дена објави Н1.

Денеска Панчевци подготвија дочек за Дедо Мраз. Туристичката организација е вредна повеќе од 5 милиони денари, а доверена ѝ е на штотуку основана фирма чија сопственичка е вработена во Вишото јавно обвинителство во Панчево.

Додека се поставува прашањето за корупцијата од туристичката организација велат дека се е во склад со прописите. Дали е? Во Панчево денеска стигна право од Северниот пол, со глава и брада, вистински Дедо Мраз. Тоа можевме да го помислиме, поради дочекот што Панчевци му го приредија за 5 милиони и 100 илјади динари. Толку вреди договорот што е склучен за оваа манифестација а кој го доби локалната ПР агенција, пишува Н1.

-Имаме еден понудувач, фирма основана 5 дена пред што го доби тендерот без никакви референци, без никакви можности да ги исполни условите кои се навеени без оглед на тоа што се наведени специјално за одредена фирма. Така да, нема дилема дека се знаело однапред и дека 5,1 милиони динари отишле на позната адреса, вели Предраг Патиќ од Народен покрет за Србија.

Парите отишле на адреса на фирмата „Софија Шестаков ПР Агенција за пружање услуги за поддршка на СОС консалтинг 91“, наведува Н1.

Договорот е склучен на 11 декември а ако конкурсот бил јавен, смета Патиќ, тогаш ќе се јавеле повеќе фирми.

Сепак, се поминало без конкуренција.

Сопственичката е вработена во Вишото јавно обвинителство во овој град.

-Знаеме дека сопственичката е записничар во обвинителството на Панчево, дека ја основала фирмата така што сигурно е – се работи за судир на интереси. Јас се надевам дека надлежните органи ќе донесат одлука, односно ќе ја спроведат целата процедура онака како што законот предвидува, вели Патиќ. 

На 22.12.2025 со заклучок на Вишото јавно обвинителство во Панчево е покрената дисциплинска постапка против вработната поради постоење на сомневање дека сторила тешка повреда на должноста од работните односи, која е пропишана со одредба на членот 109 точка 9 од Законот за државни службеници, наведоа од Вишото јавно обвинителство во Панчево.

Синиша Јанковиќ од организацијата „Кареја“ вели дека иако не се работи за кривична истрага, мерката е таман.

-Мајсторите на политичката корупција пред 6-7 години ја укинаа надлежноста за преку 700 обвинители да постапуваат во корупциски предмети што значи за сите обвинители во Јужен Банат. Се е направено да се обезбеди многу висок степен на сомнеж за политичка корупција во овој конкретен случај, рече Јанковиќ.

Но, директорот на туристичката организација во Панчево негира и тврди дека се е во согласност со прописите.

-Набавката беше потполно транспарентна, можеше да конкурира било кој што организирал слични манифестации и сето тоа може да се види во јавните документи. Не сум знаел дека личноста работи во Обвинителството. Целта беше манифестацијата да се спроведе онака како што наведовме во техничките спецификации, сите договорни обврски се испочитувани, рече Срѓан Николиќ директор на Туристичката организација во Панчево.

 

Иако и Софија Шестаков најнапред прифатила да даде изјава за Н1, по консултација со адвокат и поради тоа што ѝ е покрената дисциплинска постапка на крајот се предомислила.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот