Тен Хаг: Ги имаме Роналдо, Рашфорд и Марсијал, не ни требаат нови напаѓачи

фото: EPA-EFE/Stian Lysberg Solum

Ерик тен Хаг вели дека Манчестер јунајтед сака Кристијано Роналдо да остане и дека е среќен со напаѓачите кои ги има моментно во клубот.

Роналдо од клупата настапи во победата на Манчестер јунајтед над Саутемптон во саботата и по мечот Тен Хаг повтори дека сака да го задржи 37-годишниот Португалец.

– Планираме со него. Затоа сакаме тој да остане. Значи тоа е она што го сакаме – вели Тен Хаг.

Холандскиот менаџер исто така посочи дека Јунајтед нема потреба да ангажира друг напаѓач пред крајот на преодниот рок, и покрај неизвесноста околу Роналдо и Маркус Рашфорд во таа офанзивна улога против Саутемптон.

– Мислам дека Рашфорд беше доста ефикасен, тој ги креираше ситуациите. Одигра важна улога во нашите напади во првите 15 минути по полувремето. Тоа е она што го очекував кога има голем притисок на топката, дека има напаѓач над кој можеме да играме и тој се снајде навистина добро. Ги имаме Кристијано, Ентони Марсијал и Маркус Рашфорд, не ни требаат нови напаѓачи – се зборовите на Тен Хаг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот