Манчестер јунајтед се буди, Фернандеш го реши Саутемптон

Фудбалерите на Манчестер јунајтед ја забележаа втората победа по ред во Премиер лигата/фото: EPA-EFE/VINCE MIGNOTT

Манчестер Јунајтед по двата шокантни порази на стартот од Премиер лигата, денеска ја забележа втората победа по ред и најави излез од кризата.

По победата над Ливерпул во најголемото англиско дерби, „црвените ѓаволи“ денеска славеа со минимални 0:1 на гостувањето кај Саутемптон. Човек на одлука беше беше Бруно Фернандеш кој единствениот гол го даде во 55. минута.

Дебитантскиот настап во дресот на Манчестер јунајтед го имаше засилувањето од Реал Мадрид, Касемиро кој ги одигра последните десет минути од натпреварот, а интересно е што втор натпревар по ред, Кристијано Роналдо не беше дел од првиот тим и повторно влезе во игра во финишот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот