Насловна корица на книгата во издание на „Темплум“

„Темплум“ ја објави книгата „Поетики на современата европска драма и театар“ од Деспина Ангеловска

Книгата „Поетики на современата европска драма и театар“ од Деспина Ангеловска, професорка на Факултетот за драмски уметности во Скопје, излезе во издание на издавачката куќа „Темплум“ од Скопје.

Книгата нуди синтетизиран преглед на позначајните тенденции и појави во современата европска драма и театар од крајот на 20 и почетокот на 21 век. Таа е резултат на повеќегодишни академски и стручни истражувања, но и на лични и селективни размислувања и записи на театарски читател и гледач.

Книгата, од областа на теориската драматургија и театрологијата, се осврнува на еволуциите на современата драма и театар преку анализата на – неслучајно – избрани дела на реномирани европски драмски и театарски творци, во нивните заемни испреплетувања и рефлектирања, од Македонија па сè до Норвешка, како што се: Хајнер Милер, Горан Стефановски, Сара Кејн, Едвард Бонд, Јасмина Реза, Јон Фосе, Тиаго Родригеш, Мило Рау, Тифен Рафје и Каролин Гиела Нгуен.

Голем дел од овие водечки фигури на современата театарска сцена во последниве децении, на кои во светот досега им биле посветени бројни теориски студии, книги и изданија, сè уште не биле предмет на посеопфатни теориски проучувања и публикации во Македонија.

Оваа студија ги осветлува врските и одеците меѓу делата на претставените творци, кои го сочинуваат заедничкото европско културно и театарско наследство, како и оние на авторите од 21 век со авторите од 20 век и со нивната оставштина.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 305, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 1-2.11.2025)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот