Телеш ја освежи одбраната на Манчестер јунајтед! (ВИДЕО)

Фото: твитер

После високиот пораз од дури 1:6 на домашен терен во Премиер лигата од Тотенхем, менаџерот Оле Гунар Солскјер веднаш реагираше со итен потег на фудбалскиот трансфер пазар.

На последниот ден од преодниот рок Манчестер јунајтед го промовираше новиот играч кој доаѓа од редовите на Порто, Алекс Телеш (27) кој потпиша договор на четири години со опција соработката да биде продолжена на уште една година.

Овој лев бек од 2016 година за неговиот досегашен клуб запиша 26 голови и повеќе од 50 асистенции, двапати беше шампион на Португалија.

Успеси на клупски план имаше и со Галатасарај, еднаш го освои најсилниот турски шампионат и се закити со два трофеи во националниот Куп.

Беше дел уште од екипите на Јувентуде, Гремио и милански Интер, а има и еден настап за најдобрата бразилска репрезентација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот