Тејтум го реши дербито меѓу Селтикс и Лејкерс

фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Бостон Селтикс по продолженија славеше со 118-122, на гостувањето кај Лос Анџелес Лејкерс, во дербито на НБА лигата.

Ентони Дејвис е трагичар за Лејкерс, откако центарот во регуларниот дел промаши две слободни, по кои Џејсон Тејтум поентираше и го одведе мечот во продолженија. Токму Тејтум со 44 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Ентони Дејвис заврши со 37.

Милвоки Бакс беше сигурен на домашен терен против шампионот Голден Стејт Вориорс со 128-111. Јанис Адетокумбо со 30 поени беше најефикасен кај победникот, додека кај поразените Стеф Кари постигна 20.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Филаделфија – Сакраменто 123-103, Хјустон – Феникс 111-97 и Јута – Њу Орлеанс 121-100.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот