Тажни вести од Тузла: Почина уште една пациентка од пожарот во старечкиот дом, сите починале од задушување
Се зголемува бројот на загинати во пожарот што го зафати старечкиот дом во Тузла. Доцна синоќа починала пациентка, која беше хоспитализирана во Клиничкиот центар на Универзитетот во Тузла, со што бројот на жртви се зголеми на 13, пренесува „Слободна Босна“.
Препорачано
Пациентката, како што се додава, била во Клиниката за анестезиологија и реанимација, во тешка состојба и на вентилатор, и за жал им подлегнала на повредите што ги добила во пожарот.
По пожарот, во UKC беа хоспитализирани 30 лица, а сега во оваа болница има 13 пациенти.
„Во моментов на Клиниката за анестезиологија и реанимација има тројца пациенти, од кои еден е на вентилатор. Шест пациенти се хоспитализирани на Клиниката за белодробни заболувања (еден полицаец и пет корисници на услугите на Домот за стари лица во Тузла). Тројца пациенти се хоспитализирани на Клиниката за внатрешни болести, во стабилна здравствена состојба. Еден пациент е хоспитализиран на Клиниката за урологија, во стабилна здравствена состојба“, соопштија од УКС ТК.
Обдукции се извршени кај 11 жртви и е утврдено дека сите починале како последица на задушување, а едно тело било зафатено од пожарот.
По овој пожар се покренаа многу прашања за условите во Домот за стари лица, меѓу другото, зошто неподвижните лица биле сместени на горните катови, од каде што е тешко да се евакуираат во случај на пожар.
Пензионерскиот дом во Тузла каде загинаа 11 луѓе бил најскап во Босна
Исто така, беше откриено дека 185 корисници на Домот биле оставени на грижа на медицински персонал од три члена, а самите финансии на Домот и неговото управување се сомнителни.
Причината за пожарот сè уште не е позната, но директорот на Домот за стари лица поднесе оставка.


