пожар Тузла/фото: принтскрин

Пензионерскиот дом во Тузла каде загинаа 11 луѓе бил најскап во Босна

По трагедијата во Пензионерскиот дом во Тузла, 11 лица загинаа во пожар, а десетици беа повредени, објави аваз ба.

Во речиси сите институции за стари и изнемоштени лица, капацитетите се полни, а сите имаат заеднички листи на чекање, меѓу кои најдолги се оние за сместување на неподвижни лица.

Пензионерскиот дом во Тузла бил познат како еден од најскапите во земјата. Со новиот ценовник, чија примена започнала во февруари оваа година, цените на сместувањето и другите услуги скокнале за речиси 30 проценти.

Така, од февруари, корисници кои можеле да одат во двокреветна соба плаќале околу 550 евра за сместување наместо претходните 400 евра, а полумобилните и неподвижните корисници и до 700 евра.

Месечната цена за сместување за лицата кои страдаат од сите форми на деменција, Паркинсонова болест и Алцхајмерова болест е 800 евра во двокреветна соба и по 850 евра во еднокреветна соба.

За споредба, цената за сместување во Геронтолошкиот центар Сараево е безмалку упола поевтино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот