Тажна вест од САД: Млад НФЛ играч пронајден мртов
Американскиот фудбал го погоди тажна вест НФЛ играчот на Минесота викингс, Рондејл Мур, почина на само 26 години, потврди полицијата во неговиот роден Њу Олбани, Индијана. Тој бил пронајден мртов во својот дом во саботата, а според првичните информации, нема индиции за убиство или насилна смрт. Случајот е сѐ уште под истрага, а закажана е обдукција што треба да ги утврди точните околности.
Препорачано
Националната фудбалска лига (НФЛ) изрази длабока тага поради трагичната вест и упати сочувство до неговото семејство, пријателите и соиграчите. Мур беше избран во втората рунда на драфтот во 2021 година од Аризона кардиналс, каде што мина три сезони, пред во 2024 година да биде трејдуван во Атланта фалконс. Последниот договор го потпиша со Минесота викингс, но сериозните повреди на коленото го оддалечија од теренот две последователни сезони.
Само три дена пред трагедијата, тој објави фотографија на Инстаграм, прва по пауза од девет месеци и изгледаше дека конечно се подготвува за враќање на терените кое за жал не се случи.
NFL wide receiver Rondale Moore has died at the age of 25. pic.twitter.com/goNt30Mrjq
— Sky Sports NFL (@SkySportsNFL) February 22, 2026


