Тажна судбина: Проклетството на децата на Марлон Брандо

Фото: Инстаграм

Сѐ што свети не е злато, па така ниту децата на славните актери, кои од мали нозе се навикнати на многу пари и бројни можности, но тоа не значи дека водат среќни животи.

Одличен пример за тоа е семејството на легендарниот Марлон Брандо, чиј живот е проследен со трагедии и тага.

Кристијан Брандо на 4 јануари 1991 година се изјасни за виновен во Врховниот суд во Лос Анџелес, каде со обвинителот постигна договор за казната која го следуваше. Таткото на Кристијан, Марлон, на судот не можеше да одигра никаква улога, па остана дома.

Детали од убиството

Главна поента на случајот беше фактот дека Кристијан со пиштол го усмрти Даг Долет, момче на неговата сестра Чејен, во 1990 година. Фаталниот конфликт се одиграл во дневната соба од домот на неговиот татко во Лос Анџелес, како последен печат на тој трагичен холивудски мозаик кој со години се составуваше околу Марлон Брандо.

Покрај тоа што стана култна ѕвезда благодарние на улогата во „Кум“, Брандо е познат и како жесток борец за правата на американските Индијанци, односно еден од ретките кој навистина нешто прави по тоа прашање (на доделувањето на Оскарите неговата награда во негово име ја презеде Индијанка). Но и покрај неговата хумана страна, неговото семејство не беше поштедено од зло.

Проблематична ќерка

Даг Дролет беше во четиригодишна врска со Чејен, која во време на инцидентот се наоѓаше во осмиот месец од бременоста. Неколку недели претходно, Дролет дојде во Лос Анџелес за да ја посети својата девојка, а Марлон Брандо го познавал него, како и неговото семејство, веќе со годни. Чејен во посета на својот татко дојде со мајка си, а нејзиниот брат Кристијан тогаш за првпат го запозна нејзиното момче и идниот татко на нејзиното дете.

Вечерта кога се случи убиството, братот и сестрата вечерале сами во ресторан, кога Чејен се пожалила дека Драг психички и физички ја злоставува. Подоцна таа вечер, Кристијан поттикнат од голема количина на алкохол одлучил да му покаже на Дролет дека постои казна за такво однесување кон неговата сестра.

Дополнително рекол дека немал намера да го убие, туку само да го заплаши, но Дролет се обидел да му го земе пиштолот, па тој наводно сам пукнал, поради што e осуден за несовесно убиство.

Кристијан подоцна за „The sun“ рече дека подоцнежните информации за менталната состојба на неговата сестра направиле тој да се посомнева во вистинитоста на нејзините зборови, како и за обвиненијата за злоставување.

Се дрогирала трудна

Чејен, тогаш на возраст од 21 години, од секогаш била склона кон бизарно однесување, а сега тоа дополнително се влошило. Таа се уште психолошки не закрепнала од автомобилската несреќа, од која имала и белези на телото кога дознала дека е трудна. Наводно продолжила да зема халуциногени дроги, а за еден месец во две ситуации се обидела да се самоубие.

Откако нејзиниот брат призна вина за убиство, таа одлета во Париз со својата мајка, доктор и новото момче, кои ја пријавија во една од најскапите приватни психијатриски клиники во Европа.

Заштита на синот и конечен крај

Марлон Брандо изнајми приватни детективи и дури девет адвокати за очајнички да го спаси својот син. Сведоци не постоеја, но од рака не им одеше тоа што минатото на Кристијан беше полно со дроги и насилство, поради што од претходно тој бил апсен во неколку наврати.

Кристијан е пуштен од затвор откако ја отслужи петгодишната казна која му беше изречена. Кога неговиот татко се изјаснуваше пред судот, во молба за намалување на казната, тој рече: „Мислам дека целосно погрешив како татко“.

Една година пред пуштањето на Кристијан од затвор, Чејен конечно успеа во својата цел – изврши самоубиство од третиот обид на 25 години.

Главна причина за тоа беше губењето на старателството над својот син поради неодговорно однесување и консумирање на дроги. Кристијан по пуштањето од затвор се пресели во Вашингтон каде работеше како уметник, а почина на 49 години од воспаление на белите дробови. Неговиот татко, актерската легенда, го напушти светот четири години порано, во 2004 година, исто така од воспаление на белите дробови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот