Таткото на Меган Маркл на интензивна нега по итната операција, семејството моли: „Покажи барем малку сочувство“
Томас Маркл (81), кој не е во контакт со својата ќерка Меган Маркл откако таа се омажи за принцот Хари, бил примен на интензива нега откако подлегнал на итна операција која траела околу три часа, пренесува „Дејли мејл“.
Препорачано
Лекарите наводно подготвуваат уште една операција за отстранување на згрутчувањето на крвта. За британските медиуми неговиот син Томас помладиот рекол:
– Го однесов татко ми во болницата во близина на нашиот дом, каде што направија разни скенирања, а лекарите рекоа дека неговиот живот е во опасност. Нè однесоа со амбулантно возило, со вклучени сирени, во голема болница во центарот на градот. Мојот татко беше итно опериран. Ги молам сите луѓе низ целиот свет да го имаат во своите мисли.
Тој додал: „Мојата единствена желба е Меган да покаже малку сочувство кон мојот татко. Тој буквално се бори за својот живот.“
Неговата ќерка, Саманта, изјави: „Тој е силен човек, но помина низ толку многу. Се молам да биде доволно силен за да го преживее ова. Мојот татко преживеа два срцеви удари, мозочен удар и земјотрес. Се надевам дека ќе го преживее ова.“


